Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ од понеделник почнува со работа

Bez autora
Jan 11 2015

Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“, каде што ќе може да се добиваат информации за овој проект, од понеделник стартува со работа. Канцеларијата се наоѓа во Министерството за финансии и ќе биде отворена за заинтересираните за проектот секој ден од 10 до 15 часот. Граѓаните таму ќе можат да се информираат за сите погодности кои ги нуди „Купи куќа,купи стан“, како неповратни средства до 14.000 евра и ниски каматни стапки, но ќе можат да добијат податоци и каде можат да најдат станови по пониски цени - до 900 евра за метар квадратен согласно условите на проектот и каде се нудат парцели за изградба на куќа.

Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ од понеделник почнува со работаКанцеларијата „Купи куќа, купи стан“, каде што ќе може да се добиваат информации за овој проект, од понеделник стартува со работа. Канцеларијата се наоѓа во Министерството за финансии и ќе биде отворена за заинтересираните за проектот секој ден од 10 до 15 часот.

Граѓаните таму ќе можат да се информираат за сите погодности кои ги нуди „Купи куќа,купи стан“, како неповратни средства до 14.000 евра и ниски каматни стапки, но ќе можат да добијат податоци и каде можат да најдат станови по пониски цени - до 900 евра за метар квадратен согласно условите на проектот и каде се нудат парцели за изградба на куќа.

„Министерството за финансии ги повикува сите градежни фирми кои во моментов имаат понуда на станови до 900 евра за метар квадратен да се приклучат на проектот со тоа што ќе испратат податоци за становите кои ги продаваат на finance@finance.gov.mk. „Купи куќа, купи стан“ е шанса да се реши станбеното прашање со помош на Владата која субвенционира 50 отсто од ратата или учеството од станбениот кредит при купување на стан или 75 отсто од ратата или учеството при купување, изградба или надградба на куќа“, информираат од Министерството за финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik